Connect with us

Фудбал

Ериксен сигурно го напушта Интер: Три клуба испраќаат понуда за Данецот

Published

on

Кристијан Ериксен пристигна во Интер на почетокот на оваа година како големо засилување во Интер од Тотенхем.

Од Данецот се очекуваше многу на „Меаца“, но тој сепак не ги оправда очекувањата. Ериксен не е во најдобри односи со Антонио Конте затоа што е незадоволен од неговите минути откако пристигна во Интер.

Иако дојде на почетокот на 2020 година, по само една година, најверојатно повторно ќе ја промени средината.

Медиумите во Италија пишуваат дека Интер разгледува понуди за Ерискен, а во игра има три клуба. Интересно е што овие клубови понудија размена на играчи, и очигледно е дека Интер нема ништо против тоа.

Имено, Арсенал го нуди Гранит Џака за Ериксен, додека Манчестер Јунајтед го понуди Фред во замена за Данецот. Но, наводно, Ериксен е најблиску до одење во ПСЖ затоа што парижаните го понудиле Леандро Паредес, што е опција што најмногу му одговара на Интер.

Јасно е дека Ериксен ќе го напушти Интер во јануари, а останува да видиме во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

Facebook