Поврзи се со нас

Фудбал

„ЕСПН“ објави дека Меси преговара со ПСЖ, а неговиот татко жестоко реагираше

Угледниот „ЕСПН“ вечерва објави дека Лионел Меси сепак сака да ја напушти Барселона, и дека неговиот татко започнал преговори со ПСЖ.

Како што е познато, Меси летово побара раскин на соработката со каталонскиот клуб бидејќи сакаше да ја напушти Барселона поради лошите односи со тогашниот претседател Жосеп Марија Бартомеу.

Сепак, Меси на крајот остана затоа што клубот не го исполни неговото барање, но на крајот на оваа сезона тој ќе може да замине без никакви проблеми бидејќи истекува неговиот договор со Барселона.

„ЕСПН“ вечерва објави дека Хорхе Меси веќе започнал преговори со ПСЖ кои сакаат да го донесат Меси во својот тим. Сепак, таткото на Меси зборуваше кратко потоа и ги негираше обвинувањата.

„Престанете да ширите лажни вести“, рече Хорхе Меси преку Инстаграм.

loading...

Facebook