Connect with us

Фудбал

Еуфорија во Истанбул, пристигна Месут Озил, а еве што одговори кога го прашаа за односот со Микел Артета

Месут Озил е нов член на турскиот гигант Фенербахче. Тој доцна синоќа пристигна во Истанбул. Веднаш порача дека е пресреќен бидејќи од секогаш бил фан на овој клуб.

-Со гордост ќе го носам овој дрес и се надевам дека ќе бидам успешен со моите соиграчи, изјави Озил.

Неминовно беше и прашањето од новинарите за неговите проблеми во Арсенал и односот со тренерот Микел Артета.

-За Артета не ме интересира, на Арсенал му посакувам се најдобро, порача играчот за врска.