Ракомет
Еуфорија во Стокхолм: Хрвати го окупираа центарот на градот, се чека големото финале!
Илјадници хрватски навивачи ќе присуствуваат на финалето на Европското првенство во ракомет меѓу Хрватска и Шпанија .
Добар дел од нив се во Стокхолм уште од петок кога имаа одлична атмосфера во полуфиналниот судир со Норвешка, а има многу што пристигнаа во шведската престолнина во неделата наутро.
До почетокот на натпреварот, сите билети ќе ги снема и фудбалскиот стадион Стокхолм, кој за оваа пригода беше претворен во ракометна арена, ќе биде полн.