Connect with us

Фудбал

Еуфоријата продолжува на Алијанц Арена: Голема ѕвезда веќе во опрема на Баерн!

Холандскиот дефанзивец Матијс де Лихт кариерата ќе ја продолжи во дресот на Баерн.

 

Германските медиуми пред неколку дена објавија дека Баерн и Јувентус веќе се договориле за трансферот на Де Лихт, кој ќе потпише повеќегодишен договор со германскиот клуб.

Баерн за овој дефанзивец ќе врати 80 милиони евра и тој сигурно ќе биде фантастично засилување за клубот од Алијанц Арената.

 

Дека овој трансфер е веќе завршена работа најдобро се виде утринава бидејќи Де Лигт се појави во тренинг кампот на Баерн за да ги помине лекарските прегледи, по што ќе стави потпис на договорот.

Холанѓанецот веќе е во опрема на баварскиот клуб, што јасно укажува дека трансферот е завршен, а откако Де Лигт ќе ги мине лекарските прегледи, се очекува клубовите да ја официјализираат оваа зделка.

Баерн пред неколку дена го продаде Роберт Левандовски, но германскиот клуб летово ги воодушеви навивачите со одлични засилувања.

 

Покрај Де Лихт, порано во Баерн пристигнаа Садио Мане, Нусаир Мазрауи и Рајан Гравенберч.