Connect with us

Ракомет

Еурофарм на домашен терен поразен од Мешков Брест

Објавено:

Ракометарите на битолскиот Еурофарм денеска го одиграа натпреварот во рамки од 8. коло од СЕХА лигата, против Мешков Брест од Белорусија.

„Фармацевтите“ овој натпревар го загубија со 32-35 (17-18).

Овој напревар за ракометарите на Еурофарм беше трет неуспех во низа и еден од најлошите натпревари оваа сезона.

Покрај лошиот старт и пет минути игра без гол за „фармацефтите“, тие успеаа да се вратат во игра и првото полувреме да го завршат со еден гол разлика (17-18).

Второто полувреме гршките на Еурофарм, Мешков Брест ги претвори го голови а резутатот на натпреварот, беше во корист на Мешков Брест (32-35).

Најдобар ракометар на натпреварот беше Валиупау со 13 гола, додека кај голманите беше Матскервиќ со 18 интервенции. За Еурофарм, Јотиќ постигна 8 голови а Митревски запиша 15 одбрани.

Еурофарм моментално се наоѓа на трето место во СЕХА Лигата, од 8 одиграни натпревари има забележано 9 поени.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама