Ракомет
Еурофарм Пелистер заврши со настапите во ЕЛ
Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Мотор Запорожје со 25:27 пред својата публика и завршија со настапите во ЕЛ.
По поразот пред својата публика, тренерот на пелистерци Ларс Валтер не го криеше незадоволството од големиот неуспех.
„Сакам да им честитам на противникот за извојуваната победа и пласманот понатаму. Исто така сакам да и се заблагодарам на публиката за одличната атмосфера. Тажен и разочаран сум од конечниот резултат. Промашивме многу шанси во клучните моменти, додека тие беа смирени и прецизни во тој сегмент. Ова беша таков тип на натпревар и мислам дека тоа беше пресудно на натпреварот“, рече данскиот статег.