Connect with us

Фудбал

Еве го „лудиот“ план на Гвардиола да го доведе Меси во Манчестер Сити

Гвардиола и неговиот Манчестер Сити по секоја цена го сакаат Лео Меси. Обновата на договорот на шпанскиот тренер до 2023 година со „граѓаните“ е дополнителна потврда за желбата да се донесе аргентинската sвезда на „Етихад“.

Како што е познато, договорот со број 10 на Барселона истекува во јуни 2021 година и се чини дека обновата не е толку близу. На крајот на сезоната, за него може да се одржи глобална „аукција“. Главни конкуренти на Манчестер Сити би можеле да бидат ПСЖ и Интер.

Британскиот печат зборува за навистина луда понуда, со која би го убедиле Лео да се пресели во Манчестер. Играчот на Барселона од 1 јануари 2021 година може слободно да потпише со друг клуб. На аргентинскиот феномен ќе му биде предложено, по завршувањето на искуството на „Етихад“, да ја продолжи кариерата во Њујорк Сити во МЛС, или Мелбурн Сити во Австралија. Друга алтернатива е Јокохама Маринос во Јапонија.

Покрај тоа, според она што го пренесува „Тајмс“, улогата на амбасадор на клубот ќе биде резервирана за Меси, откако неговата кариера како фудбалер ќе биде конечно затворена.