Фудбал
Еве како ќе изгледа Супер лигата на богатите: Три девизии, 64 клубови и милијарди евра-објавени детали!
Супер лигата на богатите би можела да започне уште во 2025 година, а засега знаеме само дека протестира Германскиот фудбалски сојуз, како и дека англиските клубови се под притисок на навивачите да не влезат во „ова коло“.
УЕФА и ФИФА загубија на суд и сега на фудбалот му се закануваат големи промени. Се поизвесно е дека идејата за Суперлигата на богатите ќе се оживее, а сега се знае и по што ќе се разликува од натпреварувањата на УЕФА (Лига на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига) бидејќи тие јавно го објавија планот. !
Според последните информации, во Суперлигата би играле 64 екипи во три дивизии. Најдобрата би се викала Ѕвездена лига и би се состоела од 16 клубови поделени во две групи од по осум. Втората би се викала Златна лига и би ја играле 16 клубови и би се играла речиси по истиот систем како и Ѕвездената лига, додека третото по ранг натпреварување би го играле 32 клуба и би се викало Сина. лига. Во неа би играле четири групи од по осум клуба.
Секоја екипа наводно би играла по 14 „загарантирани“ натпревари секоја сезона, седум дома и седум на гости, а тоа наводно би било „отворено натпреварување“ наместо затворено – само за богатите како што изгледаше на почетокот. Сепак, впечатокот е дека во Ѕвездената лига прво ќе биде само елитата, а во неа потоа ќе се пласираат оние од Златната и Сината лига доколку бидат успешни. Двете најдобри екипи од Златната лига би оделе во Ѕвездената лига, двете најлоши во Сината лига, додека двете најдобри од Сината лига би се искачиле – додека 16 би биле „елиминирани“ и заменети со клубови од домашните лиги. Засега се уште не е јасно по која формула …
What the proposed new European Super League would look like 👀🏆 pic.twitter.com/BgjdkspbVx
— Football on TNT Sports (@footballontnt) December 21, 2023
Исто така, важно е да се напомене дека Супер лигата на богатите вети дека преносите ќе бидат бесплатни за сите фанови преку посебна платформа (најверојатно само на почетокот), а ветено е дека осум проценти од приходите ќе одат за солидарни исплати за клубовите кои не играат во европските натпреварувања. Наводно тоа би било 400 милиони евра годишно, што е двојно повеќе отколку што дава УЕФА. Значи, повеќе од примамлива понуда, а веќе знаеме дека Флорентино Перез од Реал Мадрид ги крена двете раце во корист. Тоа не е чудно кога се знае дека наводно Барселона и Реал Мадрид како носители на проектот ќе добијат по една милијарда евра.