Фудбал
Еве кој клуб има најмногу играчи на Светското првенство
За Светското првенство во Катар пријавени се 832 играчи, а најмногу претставници имаат Баерн, Манчестер Сити и Барселона. Најголем дел од нив ги обезбедува Баерн, кој ќе стане првиот клуб во историјата со дури 17 свои играчи во националните селекции.
Седум играчи на Баерн ќе играат за германската репрезентација – Мануел Ноер, Џошуа Кимих, Леон Горецка, Серж Гнабри, Томас Милер, Џамал Мусијала и Лерој Сане. Во француската репрезентација ќе бидат четворица фудбалери на германскиот шампион – Дајот Упамекано, Бенџамин Павард, Кингсли Коман и Лукас Ернандез. Баерн на СП ќе го претставуваат и Јосип Станишиќ (Хрватска), Ерик Максим Чупо-Мотинг (Камерун), Нусаир Мазрауи (Мароко), Садио Мане (Сенегал), Матијс де Лихт (Холандија) и Алфонсо Дејвис (Канада).
На второто место се Барселона и Манчестер Сити со по 16 играчи, катарскиот Ал Сад ќе има 15, Манчестер Јунајтед 14, а Реал Мадрид 13 играчи.
Најмногу учесници на Мундијалот играат во Англија, дури 163, што е речиси 20 проценти. Во шпанските клубови има 86 играчи, во Германија 81, во Италија 70 и во Франција 58. Репрезентациите на Катар и Саудиска Арабија се целосно составени од играчи од домашните лиги на тие земји, додека сите играчи во Сенегал играат во странски клубови.
Играчи по клубови:
17 – Баерн Минхен
16 – Манчестер Сити, Барселона
15 – Ал Сад
14 – Манчестер Јунајтед
13 – Реал Мадрид
12 – Челзи, Ал Хилал
11 – Тотенхем, ПСЖ, Борусија Дортмунд, Јувентус, Ајакс, Атлетико Мадрид
10 – Арсенал, Севиља