Connect with us

Фудбал

Еве што изјави Томас Тухел откако Челзи го „згази“ Јувентус

Тренерот на Челзи, Томас Тухел сигурно е презадоволен од победата над Јувентус од 4:0 со што обезбедија пласман во следната рунда во ЛШ, заедно со нивниот синоќешен противник. Сепак, како што вели тој, фудбалерите мора да останат приземјени.

Демонстриравме моќ и постигнавме извонреден резултат. Бевме подготвени за тоа дека ќе треба да бидеме трпеливи, но во исто време да го диктираме ритамот и да го контролираме интензитетот на натпреварот. Моравме да посветиме максимално внимание на најмалите детали. Сите на теренот одиграа неверојатно, а јас сум им благодарен на моите играчи за нивната работа и неверојатниот дух. Успеавме да постигнеме толку многу голови против тим кој одлично се брани и тоа е неверојатно. Беше фантастична вечер денес која ни донесе одлични резултати. Сега е важно да не западнеме во еуфорија, туку да можете едноставно да уживаме во моментот, изјави Тухел.

 

Реклама

Facebook

Реклама