Фудбал
Евертон најави втор трансфер за 2022 година
Евертон го доведе десниот бек на Ренџерс, Нејтан Патерсон за 16 милиони фунти. 20-годишникот дебитираше за шкотскиот гигант во јануари 2020 година, а минатиот јуни го забележа првиот натпревар за шкотската репрезентација. Тој потпиша за 5 и пол години со премиерлигашкиот клуб.
Евертон имаше дадено две понуди за шкотскиот дефанзивец, а третата беше успешна. Клубот од Ливерпул веднаш ќе плати 12 милиони фунти на Ренџерс, а сумата може да достигне и 16 милиони со различни бонуси.
Пресреќен сум што се преселив во Евертон и едвај чекам да дебитирам за тимот“, изјави Патерсон за клупската телевизија. „Тоа беше лесен избор. Тоа е голем клуб со голема историја и фантастични навивачи. Очигледно не сме таму каде што треба да бидеме, но целосно веруваме дека ќе се вратиме таму“, рече тој. Тој ќе ја носи сината маица со број 3.
Менаџерот на Евертон, Рафа Бенитез веќе го ангажираше украинскиот Динамо Киев, Украинецот Виталиј Миколенко, кој е лев бек.