Connect with us

Фудбал

Евертон одби 50 милиони од Челзи за млада ѕвезда

Евертон ја одби понудата од 50 милиони фунти од Челзи за младиот напаѓач Ентони Гордон. Томас Тухел продолжува напорно да бара нов човек во центарот на нападот, откако се раздели со Ромелу Лукаку и Тимо Вернер летото, решавајќи се за 21-годишниот Гордон.

„Сините“ понудија 50 милиони на „карамелите“ за фудбалерот, но клубот од Мерсисајд ја одби понудата. Се очекува Челзи да испрати втора, поголема понуда за Гордон, но според медиумите во Англија, Евертон многу тешко ќе го пушти својот играч да си оди, бидејќи веќе се раздели со Ричарлисон и има проблеми во нападот.

Гордон има 51 настап и 4 гола за Евертон во Премиер лигата и може да оперира како крило, така и како втор напаѓач или лажна деветка.