Connect with us

Фудбал

Евертон повторно посегна по Кутињо

Тимот на Евертон е подготвен да се вклучи во трката за потписот на Филипе Кутињо. Бразилскиот репрезентативец се чини дека оди кон излезот од „Камп Ноу“, откако не успеа да ја добие довербата од новиот селектор Чави Ернандез.

А со тим полн со млади таленти, се очекува да има се помалку простор за 29-годишниот Кутињо. Сега „Мундо Депортиво“ најавува дека поранешната ѕвезда на Ливерпул може изненадувачки да се пресели во синиот дел на Мерсисајд, каде менаџер е поранешниот на „црвените“ Рафаел Бенитез.

Сепак, Евертон ќе мора да се бори со екипите на Њукасл и Тотенхем, кои исто така имаат интерес за плејмејкерот.

„Страчките“ на кои им се заканува испаѓање ќе се соочат со тешката задача да го искушат Кутињо, но имаат средства за тоа. Во меѓувреме, Спарс се во потрага по плејмејкер откако Кристијан Ериксен минатиот јануари замина во Интер.

Има информации дека и самиот Ливерпул сака да ја врати поранешната ѕвезда.