Connect with us

Кошарка

Еврокуп најави одложување на три натпревари од 6. коло

Барселона, 3 ноември 2020 (МИА) – Раководството на кошаркарскиот Еврокуп официјално објави одложување на три натпревари од 6. коло во регуларниот дел од сезоната поради коронавирусот.

Натпреварот Бреша – Будуќност (првично закажан за 3 ноември) е одложен по барање на црногорскиот клуб.

Средбата Виртус – Лиеткабелис (првично закажана за 4 ноември) е одложена по барање на литванскиот клуб.

Дуелот Монако – Андора (првично закажан за 4 ноември) е одложен по барање на шпанскиот клуб. зс/