Connect with us

Кошарка

Евролигата не планира да го менува планот за Ф4

Евролигата не планира да го менува планот за „Фајнал фор“ турнирот, кој треба да се одржи од 22 до 24 мај во германскиот град Келн.

Во моментов има 1,139 случаи на болни од акутната респираторна инфекција во Германија, но тоа не им пречи на одговорните фактори во лигата скоро 10 недели пред клучните дуели.

„Со податоците што ги имаме на располагање, не можеме да обезбедиме повеќе ажурирани информации за Ф4. Настанот нема да се промени и ќе остане во Келн од 22 до 24 мај“, објави Евролигата.