Connect with us

Ракомет

Европскиот шампион Вардар 1961 се приклучи во кампањата за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања

Скопје, 5 септември 2020 (МИА) – Септември е светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања (леукемии, лимфоми и миеломи). Оваа година двојниот европски првак во ракомет, Вардар 1961 се приклучи во кампањата за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања во организација на Здружението ХЕМА.
Снимени се пет клипови со ракометарите од РК Вардар 1961 – Иван Чупиќ, Борко Ристовски, Тимур Димиров, Филип Талески и Глеб Калараш.
– Секоја година во Македонија околу 500 лица се дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом. Леукемијата е најчест тип на рак дијагностициран кај лица од 0-29 години. Во светот над 309.000 лица умираат годишно од леукемија. Околу 74% од глобалната популација не знае дека лимфомоот е тип на малигно заболување, потсетуваат од ХЕМА по повод Светскиот месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања.са/

РК ВАРДАР/ХЕМА

Европскиот шампион во ракомет RK Vardar 1961 се приклучи во Кампањата за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања во месец септември, во организација на Здружението ХЕМА. Секоја година во Македонија околу 500 лица ќе бидат дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом. Да им дадеме поддршка на овие лица за побрзо излекување! #PatientAdvocacy #bloodcancer #cancer #leukemia #lymphoma #bloodcancerawareness #multiplemyeloma #myeloma #hodgkinslymphom #MPN #RKVardar #EHFChampionsLeague Ivan Cupic

Posted by ХЕМА on Среда, 02 септември 2020

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com