Други спортови
Ф1 со промени во календарот – сезоната останува со рекорден број трки
Формула 1 годинава ќе има 22 трки, по ревидирањето на распоредот на трките за остатокот од сезоната, пишува „Скај спорт“.
Пандемијата продолжува да поставува предизвици, но докажавме дека можеме да се приспособиме и уверени сме дека можеме да испорачаме рекордни 22 трки годинава и покрај пандемијата, рече претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали
Се работи за трките за Големата Награда на Турција, Мексико и Бразил. Трката во Турција требаше да се вози на 3 октомври, меѓутоа е поместена за 10 октомври. Трката за Големата награда на Соединетите Американски Држави останува на 24 октомври, а трката за Големата награда на Мексико од 31 октомври е поместена за 7 ноември. Трката во Бразил исто така има нов термин и ќе се вози на 14 ноември.