Connect with us

Други спортови

Фанот кој влезе во октагонот објасни зошто застана во одбрана на Ирецот

Комисијата во Невада се уште нема донесено конечна одлука за казната која треба да ја добијат сите оние кои беа вмешани во инцидентот по борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор МекГрегор, но затоа, секојдневно пристигнуваат нови изјави за пресметката на двата тима, а во целата мешаница учествуваше и еден фан.

Давид Мартин беше еден од оние луѓе кои скокнаа во октагонот, но неговата намера беше сосема различна од останатите. Мартин се обиде да го заштити МекГрегор од нападите на рускиот тим. Тој за домашните медиуми, се обиде да објасни што го натерало да скокне во октагонот.

„МекГрегор беше поразен и преморен после битката. Кога ги видов фанатичните Руси како скокаат за да го нападнат, одлучив да интервенирам. Помислив дека добив повик од мојата земја и поради тоа скокнав во октагонот. Постапив патриотски, си помислив дека Русија ја напаѓа Ирска. Сето ова можеше да има и полош крај. Ако човекот кој го маваше МекГрегор го удреше толку силно и ненадејно во задниот дел од главата, можеше да има фатални последици. Можеа да го убијат. Си помислив дека ќе го убијат и не сакав да дозволам такво нешто“, открива Давид Мартин кој се претвори во неочекуван херој во својата родна земја.