Фудбал
Фановите можат да здивнат – Кјелини останува во Јувентус
Договор на искусниот дефанзивец Џорџо Кјелини со Јувентус истекува на крајот на јуни оваа година, па дури и ако постоеше сомнеж дека тој би можел да ја напушти „Старата дама“ ова лето, сега веќе го нема.
Имено, навивачите на Јувентус можат да се „оладат“, бидејќи нивниот миленик наскоро ќе потпише нов договор кој ќе го задржи на Алианц стадионот до 2020 година.
Како што соопшти „Sky Sport Italy“, преговори помеѓу Јувентус и Кјелини се во завршна фаза, и дека 33-годишниот Италијанец наскоро ќе стави потпис на нов двегодишен договор со старата дама.
Кјелини во Јувентус пристигна во 2005 година, и од тогаш во црно – белиот дрес освои седум титули шампион на Италија, четири трофеи во Купот на Италија и три пати Супер Купот на Италија. Пред да се приклучи на Јувентус, Кјелини го носеше дресот на Ливорно и Фиорентина.