Фудбал
Фановите на англискиот клуб се „запалија“ по Буфон
Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон и официјално објави дека заминува од Јувентус, каде што ги помина последните 17 сезони.
Се уште не е јасно дали ова ќе значи крај на кариерата на Буфон, бидејќи овој одличен чувар на мрежата веќе има 40 години, а понудите не престанаа да стигаат. Се шпекулира дека Париз Сен Жермен е заинтересиран за Буфон, но неговиот агент, Силвано Мартин, сега ја „скокотна фантазијата“ на Англичаните.
Агентот кажал дека ги обожава навивачите на Вест Хем.
„Во Англија од секогаш искрено ги обожава навивачите на Вест Хем, што беше наведено и во книгата. Тој ми рече да не се зборува во јавноста во врска со имињата на клубовите во кои би можеле да ја заврши кариерата, но она што можам да го откријам е дека ја сака Премиер лигата“ рече Мартина за „The Sun“.
Буфон со Јувентус освои 11 титули во Серија А, 4 титули во Куп на Италија и 5 трофеи во Суперкупот.