Connect with us

Тајмаут

Фатална русокоса, неверството и разводот скапо ќе ја чинат ѕвездата на Аргентина (ФОТО)

Репрезентативецот на Аргентина Родриго Де Паул се снаоѓа совршено на теренот, што не може да се каже за ситуацијата надвор од теренот.

На 19 декември Де Пaул ја освои титулата светски шампион во Катар со Аргентина, но набргу потоа се разведе од сопругата Камила Хомс.

View this post on Instagram

A post shared by Cami Homs (@camihoms)

Причина за разводот е неговото неверство, односно фактот дека бил фатен во прељуба. Де Паул прво бил во врска со пејачка, а потоа стапил во врска со сегашната девојка Тина Стосел.

Затоа, според договорот на адвокатите на двете страни, тој ќе мора добро да и плати на поранешната сопруга.

Де Паул ќе мора да плаќа 10 отсто од нето заработката месечно, што во моментов е околу 30.000 долари. Овој дел од договорот ја вклучува само неговата заработка од фудбалот, а не она што го заработува од спонзорските договори.

Договорот вклучува и 150.000 долари во кеш на нејзината сметка.

Камила ќе добие стан во Пуерто Мадера, најелитното подрачје на Буенос Аирес, како и апартман во хотелот кој се наоѓа во тие згради. Ќе добие и уште еден стан во Буенос Аирес.

Неутешната сопруга ќе добие два автомобили, по еден во Шпанија и Аргентина, како и целосно одржување на тие автомобили.

Со оглед на тоа што Камила и Родриго имаат две деца од бракот, фудбалерот се обврза на секои 45 дена да го плати патувањето на неговата поранешна сопруга во Мадрид, каде моментално игра за Атлетико, за да може да ги носи децата да го видат нивниот татко. Се подразбира дека патувањето е во бизнис класа, а престојот во хотел со пет ѕвезди е за четири лица, двете деца на Камила и уште едно лице кое Камила го носи на патувањето. За време на престојот во Европа треба да додаде и 700 евра дневница.