Поврзи се со нас

Други спортови

Федерер ја минува рекордната 1000-та недела во Топ 20 тенисери

Лондон, 2 ноември 2020 (МИА) – Во моментов четвртиот светски тенисер, Роџер Федерер ја минува рекордната 1000-та недела во топ 20 на ранг-листата на АТП.

Швајцарецот за првпат се најде помеѓу 20 најдобри тенисери на светот на 2 април 2001 година, а последен пат на 23 април во истата сезона и оттогаш е постојано меѓу најдобрите.

Второто место во историјата според ова статистичка категорија го држи Џими Конорс  (917 недели), а меѓу сегашните играчи по Федерер, најдобар е Рафаел Надал (791).

За потсетување, Федерер има поминато 310 недели на врвот на АТП листата во текот на неговата кариера, што е исто така рекорд. зс/

loading...

Facebook