Connect with us

Други спортови

Федерер: Многу сум уморен, сакам да дремнам, не знам дали е последен Вимблдон

Федерер пораз во три сета на Вимблдон не доживеал во последните 19 години. После поразот Швајцарецот доби прашање дали ова е крај на неговата кариера. 20-кратниот Грен слем шампион, Роџер Федерер, вчера ги заврши настапите на Вимблдон откако изненадувачки во три сета беше поразен во четврфиналето од Хуберт Хуркач. По мечот, Швајцарецот зборуваше за својата состојба и за тоа како се чувствува по уште еден настап на Вимблдон.

„Не одам се уште во пензија…Навистина не знам. Морам да се соберам и да размислам за се. Мојата цел секогаш била да играм на Вимблдон и да се обидам да освојам уште една титула. Оваа година успеав да дојдам и затоа сум среќен. Минатата година ја имавме пандемијата и Вимблдон немаше. Морам да одморам неколку дена и да одлучам дали ќе играм на Олимписките игри“, изјави Федерер.