Connect with us

Други спортови

Федерер: Се надевам дека Ѓоковиќ ќе го собори мојот рекорд на Вимблдон

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во пензија и од трибините го следи овогодинешниот Вимблдон.

Федерер беше прашан од новинарите кој е фаворит за освојување на овогодинешното издание на третиот Грен слем турнир во сезоната, а тој немаше дилема.

-Новак Ѓоковиќ е голем фаворит и би бил изненаден доколку не биде овогодинешниот победник на Вимблдон“, изјави Федерер. Ѓоковиќ вчера мина во третото коло без загубен сет, а оваа година ја брка својата осма титула на Вимблдон, која би го израмнила со рекордерот Федерер.

„Имав мои моменти, пет последователни титули на Вимблдон и вкупно осум. Искрено, се надевам дека Ѓоковиќ ќе може да го собори мојот рекорд. Сè што прави е за тениската историја, како неговиот рекорден 23-ти Грен слем освоен на Ролан Гарос. Неверојатно е тоа што го прави. тоа е одлична вест и е добра за самиот тенис“, изјави Федерер, освојувач на 20 Грен слем титули.