Connect with us

Фудбал

Фелаини се огласи откако неговиот тест за коронавирус беше позитивен

Една од фудбалските sвезди заразени со коронавирус е Маруан Фелаини.

Белгиецот на тој начин стана првиот фудбалер во кинеската Супер лига што се зарази со вирусот, па продолжението на лигата најверојатно ќе биде малку поместено.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Евертон брзо се повлече од изолацијата и испрати порака до навивачите ширум светот.

„Драги пријатели, се тестирав за коронавирус и резултатот е позитивен. Моментално се враќам во Кина и ќе бидам одведен во болница. Можам да ве уверам дека сè е во ред со мене во моментов. Благодарност до навивачите, медицинскиот персонал и клубот за вашата грижа и внимание . Ги следам понатамошните инструкции и се надевам дека ќе се вратам на теренот што е можно поскоро. Ве молам, останете сигурни“, напиша Белгиецот.

Освен него, во светот на фудбалот се заразиле уште неколку sвезди, како што се тренерот на Арсенал, Микаел Артета, дефанзивецот и играчот од средниот ред Јувентус Даниеле Ругани и Блез Матуиди, дефанзивецот на Валенсија Гарај …