Connect with us

Кошарка

Фенер го освои Купот на Турција

Кошаркарите на Фенербахче го совладаја Дарусафак во финалето на Купот на Турција со 74:71 и стигнаа до седмата титула во ова натпреварување.

Од првата минута се гледаше неизвесната игра, а победникот не беше познат до самиот крај. Херој на тимот од Истанбул беше Костас Слукас, кој во самиот финиш на натпреварот, беше прецизен на четири удари кои ја донесоа победата на избраниците на Жељко Обрадовиќ.

Во победничкиот состав, нај ефикасни беа Костас Слукас, Нандо де Чоло и Луиџи Датоме кои постигнаа по 15 поени. Подобар во редовите на Дарусафак беше Џордан Хамилтон кој постигна 20 поени со 10 скока.

На крајот од средбата, исто така беше дадено и признанието за МВП, а тоа отиде во рацете на Луиџи Датоме.