Фудбал
Фенербахче и Валенсија во „трка“ за Енис Барди?!
Екипата на Леванте е последнопласирана во шпанската „Ла Лига“ и води голема борба за опстанок. Многумина веќе оваа екипа ја отпишаа од првата лига, односно предвидуваат дека следната сезона ќе се натпреваруваат во ранг подолу.
Ова би значело заминување на најдобрите, а помеѓу нив секако и Енис Барди. За македонскиот репрезентативец има интерес. Шпанските медиуми пишуваат дека Валенсија внимателно ја следи ситуацијата, а наводно заинтересиран за неговите услуги е и турскиот Фенербахче.
Барди има важечки договор со Леванте до 30 јуни 2022 година, но има опција во договорот која вели дека може да ја продолжи соработката на уште една година.