Connect with us

Фудбал

Фенербахче сака да го донесе Озил во зимскиот преоден рок

Британските медиуми објавиа дека Месут Озил во зимскиот преоден рок би можел да ги напушти редовите на Арсенал.

Озил на „Емиратите“ моментално е нај платениот играч со годишна заработка од 20 милиони евра, меѓутоа не е тајна дека не е среќен во Арсенал, а за тоа придонесе и расправијата со тренерот Емери.

Како што пренесуваат британските медиуми целата ситуација сака да ја искористи Фенербахче чии лидери сакаат да го доведат Озил во зимскиот преоден рок.

Во целата приказна, единствен проблем може да претставува обесштетувањето. Арсенал за овој играч бара 45 милиони евра, а тешко е да се поверува дека Турците ќе бидат подготвени да го одвојат тој износ.

Наводно за Озил е заинтересиран и Мначестер Јунајтед.