Фудбал
Феран Торес ги помина прегледите во Барса, потписот за неколку часа
Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Феран Торес веќе ги помина медицинските тестови пред да го комплетира трансферот во Барселона. Шпанскиот репрезентативец стана главна цел на новиот каталонски тренер Чави Ернандез откако пристигна минатиот месец.
21-годишното десно крило дојде во тимот на Манчестер Сити во летото 2020 година и успеа да помогне во освојувањето на титулата во Премиер лигата и Лига Купот.
Менаџерот на „граѓаните“, Хосеп Гвардиола веќе потврди дека зделката е во завршна фаза, а според „Мундо Депортиво“, Торес рано утрово успешно ги поминал лекарските прегледи. Тој лекуваше скршеница на стапалото во последните месеци, но се очекува да се врати да игра на почетокот од новата година.
Крилниот напаѓач објави видео од него како тренира во Валенсија во неделата, а утрово беше на лекарски прегледи. Договорот се очекува да биде потврден подоцна денеска, а Торес најверојатно ќе биде претставен на Камп Ноу утре (вторник).
Сепак, Торес нема да може веднаш да дебитира за Барселона, бидејќи „Каталонците“ се премногу блиску до границата за плата. Тимот ќе мора да ги намали трошоците за Ла Лига да му дозволи на Торес да игра за Барса.
?? #FerranDay
✅ Ferran Torres ya ha pasado las pruebas médicas con el Barça a primera hora de la mañana https://t.co/aKeJIFn0R5
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) December 27, 2021