Фудбал
Фердинанд: Како Роналдо се продаде на Јунајтед? На О’Шеа му требаше боца со кислород
Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинад се присети на мечот против Спортинг Лисабон на кој Роналдо го одигра натпреварот кој му го осигура трансферот на „Олд Трафорд“.
Роналдо беше несопирлив за одбраната на Јунајтед, а Алекс Фергусон одлучи да го донесе во својот тим веднаш по натпреварот.
Фердинанд се присети на проблемите кои ги имаше Џон О’Шеа против Роналдо.
-Игравме против Спортинг во 2003-та година и на Џон О’Шеа на полувремето му требаше боца со кислород покрај себе. Седеше вознемирен и задишан. Му кажувавме да му се приближи на Роналдо, но не можеше да ни одговори, вели Фердинанд, притоа додаде:
-Да бидам чесен, Пол Сколс, Бики Бат и јас стоевме и размислувавме, овој малиов е одличен, неверојатен, мораме да потпишеме со него. Заминавме во автобусот, чекавме час и половина, а потоа дојдоа од тимот и ни рекоа дека штотуку преговарале за да го донесат Роналдо, вели Фердинанд.
Роналдо на почетокот на сезоната 2003/2004 потпиша за Манчестер Јунајтед. Останатото е историја.