Connect with us

Фудбал

Фердинанд: Видиќ или Ван Дијк? Видиќ!

Поранешниот стопер на Манчестер јунајтед Рио Фердинанд одговори на прашањето кој е подобар стопер Немања Видиќ или Виргил ван Дајк.

Како што се очекуваше, Рио му даде предност на поранешниот соиграч и капитен Видиќ.

„Ван Дијк или Видиќ? Добро прашање. Сепак, јас би му дал глас на Видиќ затоа што тој беше мој човек и партнер во одбраната. Тој ми го чуваше грбот и ме покриваше. Таков беше“, изјави Фердинанд.

Патем, Рио и Немања со години го сочинуваа стоперското дуо на „црвените ѓаволи“ и веројатно беа најдоброто стоперско дуо на светот во тој период.

Фердинанд се збогуваше многу одамна, но тој често е во медиумите, особено на телевизијата, коментирајќи ги тековните настани во светот на спортот.