Фудбал
Фернандеш: Без Роналдо, амбициите на Португалија остануваат исти
Лисабон, 15 октомври 2020 (МИА) – Играчот за врска на Португалија, Бруно Фернандеш, по синоќешната победа над Шведска (3: 0) во Лигата на нации истакна дека тактиката на тимот не е променета поради отсуството на Кристијано Роналдо.
Капитенот на Португалија го пропушти натпреварот поради инфекција со коронавирус.
– Не ни беше речено да играме поинаку. Нашите амбиции остануваат исти. Тимот има високо ниво, но очигледно е дека е полесно да се победи кога во составот е најдобриот играч на светот. Роналдо ни фалеше, иако резултатот не го покажува тоа, изјави Фернандеш.
По четири кола во Групата – 3 од А-сегментот во Лигата на нации, Португалија и Франција се на првите две места со по 10 бода, Хрватска има 3, Шведска е без освоен бод. зс/