Connect with us

Фудбал

Фернандеш: Треба да постигнам многу повеќе за да ме споредуваат со Кантона

Манчестер, 16 август 2020 (МИА) – Бруно Фернандеш е радосен што го споредуваат со легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона. Тој направи одличен старт на својата кариера на „Олд Трафорд“, но Португалецот рече дека мора да постигне многу пред да може да се доближи на статусот на Французинот.

Фернандеш направи одличен старт откако во јануари пристигна од Спортинг Лисабон, постигнувајќи 11 голови и направи 8 асистенции за да му помогне на Јунајтед да заврши на третото место во Премиер лигата и да стигне до полуфиналето на Лигата на Европа.

Ова ги натера некои поранешни играчи на Јунајтед да се потсетат на доаѓањето на Кантона, кој им се придружи на „црвените ѓаволи“ од Лидс. Тогаш повторно беше средината на сезоната (1992-93) и му помогна на тимот да стави крај на 26-годишното чекање за титулата.

– Навистина е добро да ме споредуваат со такви имиња. За мене, Кантона беше неверојатен играч и треба да постигнам многу повеќе за да се споредувам со него. Јас сум навистина среќен за тоа што го направив. Моето пристигнување во Манчестер е со цел да освојам трофеи. Јас ќе бидам среќен на крајот на оваа сезона, ако имам еден, ако ја освоиме Лигата на Европа, додаде 25-годишниот играч од средниот ред на Португалија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com