Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Фернандо Торес заплака на прославата за титулата од Лига Европа

Фудбалерите на Атлетико Мадрид пред неколку дена дојдоа до нова титула од Лига Европа, откако во финалето го совладаа Марсеј со 3:0.

Атлетико Мадрид на крајот имаше многу успешна сезона, а Диего Симеоне донесе уште еден трофеј во витрините на овој клуб. Натпреварот против Марсеј беше од особена важност за навивачите на Атлетико поради легендарниот Фернандо Торес.

Популарниот „Ел Ниџа“ одлучи да го напушти Атлетико Мадрид на крајот од оваа сезона, а колку му се допаѓа овој клуб покажа на прославата на титулата. Во Мадрид, на прославата за трофејот од Лига Европа, илјадници навивачи на Атлетико беа таму и одлично го дочекаа Торес. Напаѓачот на Атлетико едноставно не можеше да ги задржи своите емоции и солзи.