Фетел ќе го загуби статусот на бр.1 во Ферари

Себастијан Фетел ќе го изгуби статусот на број 1 во Ферари по новата грешка, што ја направи за ГН на Велика Британија, изјави поранешниот пилот во Формула 1, Ралф Шумахер.

-текстот продолжува по рекламата-

Германецот ја започна сезоната цврсто со предност проитв Шарл Леклер, но неговата слаба презентација, грешките што ги прави и возењето на младиот возач, ги прави работите доста тешки за него.

Во неделата, Себ се удри во задниот дел од автомобилот на Макс Верстапен, кој категорично го надмина и не зеде поени од „Силверстоун“, па така неговата предност над Леклер сега е само 3 бода.

– Верстапен и Леклер водеа голема борба за долго време, што беше цврста, но чиста, додека искусниот Фетел веднаш згреши. Тоа не треба да биде случај, а Себастијан мора да биде внимателен бидејќи ќе го загуби својот статус како тимски број 1, а и Шарл има силна амбиција, рече Шумахер Џуниор.

До летната пауза остануваат трките во Германија и Унгарија, каде што на Фетел му се потребни многу силни резултати за да го намали притисокот врз себе, кој станува се поголем и посериозен.

Loading...