Connect with us

Други спортови

Фетел ќе ја пропушти Ф1 премиерата

Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, ќе ја пропушти првата трка сезонава во Формула 1 за Големата награда на Бахреин. Причината за ова е што пилотот бил позитивен на коронавирус. На местото на Фетел ќе дојде резервистот Нико Хулкенберг.

Возачот на Мекларен, Даниел Рикиардо, поради истата причина ги пропушти последните тестови во Бахреин минатата недела. Сепак, Австралиецот се опорави и ќе биде на линијата за старт во недела.

Втората трка годинава се вози на 27 март во Саудиска Арабија.