Connect with us

Други спортови

Фетел само ако ја освои титулата, ќе остане во Ферари

Четирикратниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, им се обрати на своите колеги од Ферари и им се заблагодари за работата во 2018 година. Тој воедно вети дека ќе даде се од себе во следната сезона и по цели десет години тимот од Маринело повторно да ја врати титулата во свои раце.

Имено, последен пат италијанскиот тим ја освои титулата во 2007 година, кога шампион беше Кими Раиконен, а добрата можност ја упропастија оваа сезона, бидејќи Фетел во голем број трки имаше на располагање помоќен болид од Мерцедес, но поради сопствени грешки, како и поради тактички пропусти на луѓето во тимот, Германецот на крајот заврши целосно декласиран од старо-новиот шампион Луис Хамилтон

И покрај тоа, Фетел не ја загуби почитта кон колегите, па по повод Божиќ им се заблагодари за се и даде важно ветување.

-Мили дечки, големо благодарам на сите. Иако се уште не успеавме да ја вратиме титулата во Маринело, можеме гласно да кажеме: дадовме се од себе и така треба да продолжиме. Ајде да ги засукаме ракавите и да се обидеме подобро да комуницираме, со верба и меѓусебно почитување кое ќе ни помогне во се и ќе ни донесе тоа што го посакуваме. Само со заедничка работа како силен и соединет тим можеме да направиме исчекор. Предност и ентузијазам нас ќе не чини фантастична екипа, а јас ветувам дека во 2019 година ќе дадам се од себе за да ја освоиме титулата, стои во божиќното обраќање на Себастијан Фетел.

Свесен дека му истекува договорот, Фетел ќе мора да го подигне нивото наредната сезона доколку сака да добие продолжување на истиот. За таа цел, тој треба да биде побрз на патеката од својот нов колега, Карл Леклер, и да му го загрози местото на најголемиот ривал за титулата, Луис Хамилтон.