Фудбал
ФФМ најавува нов договор за Ангеловски, во Србија шпекулираат, Просинечки нов селектор на Македонија?!
Српскиот портал „Курир“, повикувајќи се на свои извори, тврди дека нов селектор на македонската фудбалска репрезентација ќе биде легендарниот фудбалер Роберт Просинечки, добро познат на постарата генерација на љубители на фудбалот.
Наводно Просинечки би требало да ја предводи селекцијата на Европското првенство на кое за прв пат ќе игра и Македонија, а до овој голем успех репрезентацијата ја предводеше Игор Ангеловски.
Но, од ФФМ велат дека воопшто не разговарале со други тренерски имиња и дека наскоро ќе почнат преговори со Ангеловски за продолжување на соработката.
Инаку, Просинечки како тренер пред крајот на ноември оваа година доби отказ во Денизлиспор по лошите резултати. Како тренер седел на клупата на Црвена Звезда, Кајзериспор, а бил селектор на Азербејџан и Босна и Херцеговина.