Connect with us

Други спортови

ФИА одлучи дали претекнувањето на Верстапен за победа во Австрија беше исправно


Макс Верстапен и официјално е победник на Големата награда на Австрија, откако и стјуардите потврдија дека претекнувањето на Холанѓанецот во 69 круг беше исправно. Верстапен стигна до победничкиот пиедестал, откако на три круга пред крајот го помина дотогаш водечкиот Шарлс Леклер од Ферари.
При претекнувањето, болидите на двата возачи се удрија, а Леклер на кратко беше надвор од патеката и потоа се врати на втората позиција.

It decided the race
Now the stewards need to decide on this lap 69 pass#AustrianGP #F1 pic.twitter.com/seyqDmRMVT
— Formula 1 (@F1) June 30, 2019

Стјуардите на трката најавија дека ќе го разгледаат инцидентот, па ќе одлучат дали има услови за казна на Верстапен. По неколку часа разгледување на ситуацијата, беше решено дека претекнувањето на Верстапен било коректно и Холанѓанецот остана победник на денешната трка.
„Ниеден возач не е виновен за контактот на болидите во 69 круг“, стоои во службеното објаснување.

 
.

Извор: Sportmanija.mk