Connect with us

Фудбал

ФИФА дозволи Бразилецот Жоао Педро да игра за Италија, дали ќе дебитира против Македонија?!

Жоао Педро може да игра за Италија. ФИФА донесе одлука со која му дозволи на овој фудбалер, Бразилец, да го смени спортското државјанство. Во иднина Педро ќе настапува за Италија, како што тоа претходно го сторија Толои, Жоржињо и Палмиери.

Педро во минатото играл за младинските селекции на Бразил. Поради тоа му беше потребна дозвола од ФИФА.

Најдобриот фудбалер на Каљари, за Италија би можел да дебитира на 24.март, во баражот за СП против Македонија.