Фудбал
ФИФА и УЕФА за „војната“ помеѓу АМС и ФФМ: Статутот не смее да се менува пред избори
Фудбалската федерација на Македонија го објави дописот од генералните секретари на УЕФА и ФИФА во врска со спорот помеѓу Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија.

„Во насока на нашата постојана комуникација, ФИФА и УЕФА ја подржуваат Фудбалската федерација на Македонија, Статутот да биде предмет на разгледување целосно откако ќе се одржи изборното Собрание на ФФМ и ќе биде избран новиот Управен одбор.
Согласно праксата на добро раководење, ФИФА и УЕФА силно препорачуваат нивните членки да не прават промени во нивните статути пред одржување на изборите, туку само потоа.
Иако датумот на изборното Собрание сеуште не е утврден, веруваме дека истото ќе се одржи навремено и во разумен рок. Целта на ревизијата на Статутот на ФФМ не е само во насока на усогласеност на истиот со Статутите на ФИФА и УЕФА, туку и во насока на усогласеноста со националното законодавство.
Веруваме дека ФФМ може да организира изборен процес независно и без влијание“.
На последната прес-конференција претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини ја информираше јавноста за, како што велат, медиумски манипулативно известување со неважечка содржина споделено од Агенцијата за млади и спорт кое имаше за цел да фрли сенка на одличната година која е зад Фудбалската федерација на Македонија.