Фудбал
ФИФА ја казни Србија!
ФИФА ја казни Србија со 10.000 франци поради политичките пораки на своите навивачи на натпреварот со Костарик.
Покрај Србија, истата казна беше дадена и на Мексико за слични пораки на натпреварот со Германија во Москва. Така, Србија и Мексико станаа први земји со казни од ФИФА во овој Мундијалот за несоодветни пораки и транспаренти на навивачите.
ФИФА уште еднаш покажа дека нема да дозволи било какви испади на навивачите на политичка основа, што беше објавено пред почетокот на шампионатот. Под лупа посебно ќе биде натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија.