Connect with us

Фудбал

ФИФА ја враќа Русија во баражот за Светското првенство?!

Дел од светските медиуми објавија вест која би значела целосен пресврт. Имено, ФИФА и УЕФА, поради руската инвазија врз Украина пред неколку дена ги суспендираа репрезентациите и клубовите на оваа земја од сите натпреварувања.

Сепак, според светските медиуми, ФИФА ќе ја врати Русија во бараж натпреварот за пласман на СП во Катар. Баражите се закажани за крајот на март, а ФИФА има намера да го одложи полуфиналниот плеј оф меч од баражот помеѓу Русија и Полска за месец јуни. Се верува дека војната во Украина до тогаш ќе заврши, па мечот би можел да се одигра. Во втората полуфинална двојка се среќаваат Чешка и Шведска. Трите репрезентации одбија да играат против Русија, а баражот требаше да се одржи во Москва.