Фудбал
ФИФА не ја избриша суспензијата, дефинитивно без Елмас против Италија
Македонија и дефинитивно без Елиф Елмаз, но и без Тихомир Костадинов ќе игра против Италија на 24-ти март во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на СП.
ФИФА одлучи да не ги избрише суспензиите за фудбалерите кои заработиле картони за полуфиналните мечеви. Па, поради тоа Елмас и Костадинов нема да играат во полуфиналето против Италија. Секако, доколку Македонија ја совлада Италија, тогаш на финалниот меч со победникот од дуелот Португалија-Турција ќе можат да играат.
Но, ФИФА сепак одлучи да им ги избрише картоние на оние фудбалери кои беа под закана, доколку во полуфиналето добијат опомена, да не можат да играат во финалето. Па, така во полуфиналните мечеви репрезентациите ќе старутваат „чисти“.