Фудбал
ФИФА поднесе нова кривична пријава против Блатер
Светската фудбалска федерација поднесе кривична пријава против поранешниот претседател Сеп Блатер за финансиска измама за време на отворањето на музејот на ФИФА во Цирих.
Според официјалното соопштение, ФИФА се сомнева во управување со криминали од страна на поранешното раководство и компании кои работеле на музејот, кој беше отворен во реновирана и изнајмена зграда во центарот на градот.
Музејот беше отворен во 2016 година, откако беа потрошени 140 милиони долари за реновирање на канцелариската зграда. Исто така, ФИФА потоа потпиша договор за закуп со сопствениците на зградата, со кој тие се обврзаа да платат 360 милиони долари до 2045 година.
„Ревизијата откри широк спектар на сомнителни дејствија и пропусти во управувањето, од кои некои може да бидат од криминална природа и кои мора да се испитаат“, се вели во соопштението на ФИФА.
Се додава дека кривичната пријава била лично доставена до државните обвинители во Цирих.
Адвокатите на Блатер веднаш ги негираа обвинувањата, тврдејќи дека тие се неосновани.