Фудбал
ФИФА вечер го избира најдобриот
Светската фудбалска федерација (ФИФА) вечер ќе го избере фудбалерот на годината. Двајцата најдобри фудбалери во последната деценија, Лионел Меси и Кристијано Роналдо нема да присуствуваат на свечената церемонија.
Меси не се најде во потесниот круг од тројцата номинирани. Таму се Криситијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах.
Португалецот кој летово се пресели во Јувентус нема да патува во Лондон, наводно поради премореност и клупски обврски.
По откажувањето на присуството од страна на Роналдо, светските медиуми објавија дека наградата „The Best“ ќе оди во рацете на Модриќ.
Почетокот на церемонијата е закажан за 20 часот и 30 минути.