Поврзи се со нас

Фудбал

Фиго зборува за Меси: Ќе си замине, никој не го спречува!

Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона. Луис Фиго смета дека Аргентинецот ќе замине без проблеми ако сака. Поранешниот фудбалер на Барса во разговара за „Марка Спорт Викенд“ го даде свое мислење за ситуацијата.

„Како и сите љубители на фудбалот, ги видов напорите на Меси да ја напушти Барселона ова лето. Секако дека Лео има свои мотиви и причини поради кои бараше нова авантура. Не знам што се случуваше порано“.

„Вистина е дека секој клуб сака да има играч како Меси, но тоа зависи од повеќе фактори. Финансиската состојба во клубот, платата што ќе ја побара или волјата на играчот. Но, како што се случува некои работи во животот, ако не сакате да бидете некаде, на крајот нема ништо што може да го промени вашето мислење“, заклучува Фиго.

loading...

Facebook