Connect with us

Други спортови

Филипе Маса: Во Ферари мислат дека се должни да победуваат

Поранешниот возач во Формула 1, Филипе Маса , изјави за италијанските медиуми дека ги поддржува неодамнешните измени во екипата на Ферари.

Маса беше долгогодишен возач на италијанската екипа, на која не му оди баш најдобро во последно време. Ферари е во сенка на Мерцедес кој доминира веќе неколку сезони, па ќе биде навистина тешко да ги надмине во новата сезона.

Ферари неодамна направи неколку измени откако Матиа Бруно го замени Маурицио Аривабнена на чело на екипата. Легендарниот бразилец верува дека ќе има напредок за екипата, но и дека навреме се направени промените.

„Ферари поминува низ доста потешкотии и има голем притисок врз нив за изминатите сезони. Најголем проблем е тоа што секогаш го имаат тој притисок и мислат дека се должни да победуваат. Во таквите ситуации најчесто се јавува проблем“, изјави Маса.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Други спортови

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com