Connect with us

Фудбал

Фирмино наследник на Кавани

Бразилскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Роберто Фирмино, е најновата желба на предводникот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Томас Тухел.

Германскиот стручњак веќе ја започна потрагата по напаѓачот кој треба да биде ангажиран како замена за уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани, кој пак сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Фиримо е проценет на околу 60 мил. фунти, но тешко е за верување дека ќе ја добие потребната дозвола за да ја промени клупската средина.